Две лица се позитивни на тестовите за коронавирус во Бугарија, објави синоќа, началникот на воено-медицинската академија во Софија, Венцислав Мутафчииски, на прес-конференција.
Станува збор за маж од 27 години од Плевен и жена 75 години од Габрово кои не патувале во странство и не престојувале на ризични дестинации, пишува „БГНЕС“.
Властите најавија дека ќе бидат земени и примероци од оние со кои заразените биле во контакт.
Двете лица се во изолација во болница и се наоѓаат во добра состојба.