Регион 02. март 2020. / 12:54

(ВИДЕО) Прва жртва на грчко-турската граница: Сириски мигрант застрелан од грчката полиција

(ВИДЕО) Прва жртва на грчко-турската граница: Сириски мигрант застрелан од грчката полиција

Мигрант од Сирија, кој се обидел да влезе од Турција во Грција починал од повредите здобиени по интервенцијата на грчките безбедносни сили, коишто ги спречуваат мигрантите да влезат на грчка територија.

Информацијата за загинатиот мигрант, за Ројтерс ја потврдиле два турски безбедносни извори.

Инцидентот ја означува првата жртва на нередите и хаосот што се создаде на турско-грчката граница откако Туција им дозволи на миграбтите да појдат кон Европа.

Повеќе од 10 илјади мигранти се обидуваат да ја минат границата и да влезат во Грција, поради што грчките граничари во неколку наврати мораа да интервенираат со испалување солзавец и шок-бомби кон мигрантите што се наоѓаат во меѓуграничиот простор.