Регион 14. јуни 2018. / 17:39

Прва жртва: Маж загина при невреме во Србија

Прва жртва: Маж загина при невреме во Србија

При силно невреме во српскиот град Пожаревац, загина 67-годишен маж чие тело е пронајдено во поплавената гаража во зградата во која имал стан на првиот кат.

Сѐ уште не се утврдени околностите под кои настрадал.Западна Србија, Шумадија и Браничевскиот округ вчера ги зафати силно невреме, а градот Ужице доживеа вистински потоп предизвикан од обилниот дожд и град со големина на орев кој паѓаше цели 10 минути. Невремето предизвика голема материјална штета во земјата.

Во Топола и 17 села околу Пожега е прогласена вонредна ситуација.

Уништени се многу насади со малини.