Регион 22. март 2020. / 22:58

Прва проценка на кинеските експерти: Колку време е потребно за Србија да ја спречи епидемијата?

Прва проценка на кинеските експерти: Колку време е потребно за Србија да ја спречи епидемијата?

Доколку од денеска сите започнат да се придржуваат кон сите мерки, кинеските експерти проценуваат дека на Србија ќе и требаат 29 дена за да се стабилизира состојбата со корона вирусот, изјави министерот за здравство, Златибор Лончар, за РТС.

Група кинески експерти вчера дојдоа од Кина за да и помогнат на Србија во борбата против корона вирусот.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, изјави дека нивните првични реакции се задоволителни и се задоволни од мерките што ги презеде Србија.

– Тие се кратко тука, запознаени се со нашата состојба, до утре попладне ќе излезат со првиот сет на нови мерки кои се покажаа како добри за нив, посочи Лончар.

Ако сите се придржуваат кон сите мерки на кои ги спроведува Србија, според кинеските експерти, вели Лончар, на Србија и се потребни минимум 29 дена за да се стабилизира состојбата со корона вирусот.

– За да дојдеме во ситуација кога нашите бројки нема да се зголемуваат. Потребно е од денеска, ако воопшто не се кршат мерките, тоа да го постигнеме за 29 дена. Ова е нивна првична верзија, се оградуваат да кажат повеќе. Навистина се надевам дека утре ќе имаме нов предлог и сет мерки, посочи министерот за здравство.

Во Србија, вкупно 222 лица се заразени со корона вирус, а 131 од нив се на болничко лекување. На респиратори се вклучени 15 лица, од кои тројца, според министерот, се во прилично сериозна состојба.