Регион 19. јануари 2021. / 13:57

Прва фотографија со семејството: Чедомир Јовановиќ излезе од болница

Прва фотографија со семејството: Чедомир Јовановиќ излезе од болница

По 11 дена, лидерот на либерално демократската партија Чедомир Јовановиќ излезе од болница, пренесоа српските медиуми.

Благодарам на сите за поддршката. Мудар за нијанса, животот со вас е поубав, напиша Јовановиќ на Твитер и објави фотографија со семејството.

Јовановиќ  беше хоспитализиран на 8 ми јануари, а се лечеше од корона вирусот. Во болницата тој беше примен во тешка состојба , поради компликација од воспаление на белите дробови.