Полицијата во Солун употреби солзавец на собир одржан во знак на протест поради недамнешното убиство на грчки државјанин во Албанија.
Неколку стотина луѓе учествуваа на протестниот собир, а немирите избија кога полицијата го блокираше пристапот до албанскиот конзулат и го сопре протестот.
Албанската полиција во неделата смртно го погоди Константинос Кацифас откако претходно, како што тврди Албанија, тој отворил оган врз полицајци во етничкото село Буларат, на границата со Грција.
Грчката влада ја повика соседната земја да достави повеќе информации на случајот.
Смртта на Кацифас предизвика голем број протести, вглавно од припадниците на грчките крајно десничарски политички групи.
Албанските медиуми наведоа дека Кацифас бил член на десничарската „Златна зора“.