Малите трговци во Тирана и неколку други градови во Албанија денеска протестираа со затворање на своите дуќани, поради најавените нови даноци за оваа категорија на фирми.Повикот за протести доби силна подршка од опозицијата така што според албанските медиуми протестот особено доби силна подршка од трговците во Тирана , Фиер, Драч, Корча, Скадар и Берат.
Голем е бројот на трговците кои 11 до 12 часот ги затворија своите дуќани, и притоа побараа од Владата на Еди Рама намалување на даноците. Медиумите јавуваат дека во Драч каде што приотестот имал најголема подршка е побарано оставка на премиерот Еди Рама бидејки според неговата влада е највиновна за тешката состојба на малите бизниси.