Просечната нето плата во Словенија изнесува 1.133 евра, што претставува пораст од 3,7 отсто во споредба со минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, зголемувањето на платите во приватниот сектор изнесува 3,9 отсто, а уште поголем раст има во јавниот сектор, каде што во 2019 година тие биле повисоки за 5,4 отсто во споредба со минатата година.
Според Државниот завод за статистика, најголем раст и најголеми плати имаат вработените во енергетскиот сектор, каде што просечната плата изнесува 2.628 евра.