Регион 19. декември 2020. / 23:01

Променета одлуката за влез во Србија

Променета одлуката за влез во Србија

Мерката според која е дозволен влез во Србија со негативен ПЦР тест, а за граѓаните кои нема да приложат ќе има задолжителна домашна изолација од 10 дена ќе стапи на сила од понеделник, 21 декември.

Ова за српската агенција Танјуг беше потврдено од канцеларијата на српската премиерка Ана Брнабиќ.

Како што пишува медиумот, одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, а стапувањето на сила на мерката е одложена од недела за понеделник. Мерката беше донесена на предлог на Кризниот штаб.

Граѓаните на Србија кои влегуваат во земјата можат да бидат тестирани во земјата и доколку тестот биде негативен нема да бидат обврзани да бидат во домашна изолација.

Новите мерки се однесуваат за влез и на домашни и на странски државјани во земјата.

Србите од странство побрзаа да влезат во Србија, па веќе неколку дена владее целосен хаос на границите.