Регион 21. јануари 2020. / 11:09

Продолжува палењето возила во Атина, осум нови опожарени ноќеска

Продолжува палењето возила во Атина, осум нови опожарени ноќеска

Во неколку одвоени случаи, во различни населби во Атина, непознати лица во текот на ноќта запалиле осум паркирани возила, а подметнале пожар и на банкомат.

Инцидентите, според грчката новинска агенција АНА-МПА се случиле во периодот по полноќ до 5.30 часот утрово.

Во еден од случаите, возилото изгорело комплетно и зафатило други два паркирани автомобили на кои била нанесена материјална штета. Во друг случај повторно било запалено возило, во друга атинска населба.

Пожар бил подметнат и на четири возила во сопственост на компанија за телекомуникации, а неколку часа подоцна, огнени јазици зафатиле два паркирани камиони.

Околу 3 часот по полноќ, пожар бил подметнат и на еден банкомат.

Ова е втора ноќ по ред, со идентични инциденти во грчката престолнина со опожарување возила и банкомати.