Регион 14. март 2021. / 22:12

Пробиен телефонот на Веља Неволја: Со кои политичари си разменувал пораки?

Пробиен телефонот на Веља Неволја: Со кои политичари си разменувал пораки?

Полицијата успеа да го отклучи мобилниот телефон што го користеше Веља Неволја, водачот на криминална банда чии членови неодамна беа уапсени.

Како што дознава српски Телеграф од извори добро информирани во истрагата, во неа е пронајден многу интересен материјал.

Пронајдени се фотографии на лица за кои постои сомневање дека биле мета, како и еротски слики и видео клипови на познати старлети и пејачи. И не само тоа, беа пронајдени и пораките на одредени бизнисмени и политичари. Од оние кај локалните до највисоките функционери. Има и преписка со опозициски политичари кои Беливук, директно во пораките што ги разменувал со нив, но и индиректно во преписка со други, ги споменува во позитивен контекст. Сите овие пораки не се инкриминирачки, но природата на нивните контакти е јасно видлива – објаснува нашиот соговорник.