Регион 03. март 2019. / 18:30

Припадник на УЧК повикан да сведочи пред Специјалното обвинителство

Припадник на УЧК повикан да сведочи пред Специјалното обвинителство

Поранешниот припадник на УЧК, Џевдет Тачи е повикан да сведочи пред Специјалното обвинителство за злосторства на високи офицери на УЧК, пренсесува српски Б92.

Тачи за порталот Индексонлајн изјави дека за време на војната како обичен војник бил ангажиран во Главниот штаб за набавка на вооружување во Ѓаковица.

Тој објасни дека бил контактиран пред неколку денови од страна на Специјалното обвинителство, но дека не му е кажано во кое својство ќе биде испитуван, како осомничен или како сведок.

Како што пишува порталот тој на 13 јуни 1998 година е ранет од страна на српски војник на границата Косово и Србија, како и дека претходно бил испрашуван од припадници на УНМИК и ЕУЛЕКС.