Бугарскиот претседател Румен Радев повторно ги критикуваше акциите на владата во борбата против последиците од коронавирусот.
“Отсуството на соодветни мерки нè присилува да се соочиме со посериозни проблеми: по оние со обновување на прекинатото производство и услуги, се зголемуваат сиромаштијата и нееднаквоста. Според тоа сме европски шампиони.
Доколку не можеме да се справиме со овој тренд, ризикуваме да се соочиме длабоки социјални поделби, деградација и зголемување на криминалот “, рече Радев на тркалезната маса за социјалните и економските димензии на ковид 19 – Европското искуство и Бугарија.
Според Радев, Бугарија во споредба со другите европски земји, доцни во економското закрепнување и го решава проблемот со невработеноста, пренесува Б92.
Имаме ризик да се соочиме со зголемување на емиграцијата и нов демографски колапс, истакна Радев.
Пред воведувањето вонредна состојба, нешто повеќе од 200.000 лица беа невработени во Бугарија, објави претходно министерката за труд и социјална политика Деница Сачева. По избувнувањето на пандемијата на коронавирус, тој број се зголемиl на 377.776 лица.