Регион 18. јануари 2019. / 16:00

Преспанскиот договор во понеделник во собраниска процедура во Грција

Преспанскиот договор во понеделник во собраниска процедура во Грција

Парламентарните процедури за ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент ќе започнат во понеделник, соопшти грчката државна новинска агенција „АНА-МПА“, повикувајќи се на извори од владејачката партија СИРИЗА.

Изворите за агенцијата нагласуваат дека за време на дебатите во парламентарните комисии и во салата, пратениците ќе имаат доволно време за сите да можат да го искажат своето мислење пред гласањето за ратификација.