Директорката на Заводот за здравствена заштита на студентите во Белград, Марија Обрадовиќ, соопшти дека, според нејзините информации, во моментов има 210 студенти позитивни на корона вирус. Според неа, четвртина од заразените се од студентски домови.
Обрадовиќ изјави и дека се очекуваат резултати од тестовите на уште 50 студенти кои биле тестирани за време на викендот.
Секој ден се појавуваат сè повеќе студенти со респираторни проблеми – изјави Обрадовиќ за РТС.
Таа потенцира дека околу 120.000 млади учат во Белград, од кои повеќе од половина се од внатрешноста, а околу 50.000 се од Белград.
Во студентската поликлиника секојдневно се јавуваат од 100 до 150 студенти за преглед и има околу 50 повици поврзани со респираторни инфекции. Одреден број студенти не знаат каде се заразиле, а многумина се заразиле на прослави и собири. Нема инфекција што потекнува од некој студентски ресторан или клуб.