Регион 30. декември 2018. / 12:52

Пред да умре Коѕијас сака да се смее и да се шета во Скопје

Пред да умре Коѕијас сака да се смее и да се шета во Скопје

За пријателството меѓу двата народи, за позитивните ефекти во двете земји што Договорот од Преспа ќе ги донесе, откако ќе стане секојдневие за граѓаните и од двете страни на границата, во екслузивно интервју за МИА говори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Вели дека нема да умре пред уште еднаш да ја посети нашата земја и да биде „насмеан минувач низ улиците на Скопје“. Притоа открива дека Скопје го преферира со снег, а доколку беше помлад и ако имаше пари ќе купел плац во Преспа.

-Видете, уште на почеток им реков и на Нимиц и на Никола Димиторв, јас ја ставив раката на срце и реков дека за договорот ќе одам до крај. Побарав и тие да ја стават раката на срце за да се согласиме дека ќе одиме до крај. Мислам дека тогаш го изразив моето длабоко уверување дека треба да завршиме со ова и дека јас сум подготвен да го сторам тоа, односно грчката страна. Мислам дека понатаму, особено од моментот откако Заев ја презеде власта во Скопје, постоеше таква волја и од другата страна.

Вели Скопје му се допаднало со снег.

-Мислам дека нема да умрам, без повторно да отидам во вашата земја. Освен тоа, имам право на тоа. Мислам дека е убава вашата земја. Морам да ви кажам дека Скопје ми се допадна повеќе со снег. Мислам дека иднината му припаѓа на нашето пријателство. Мислам дека само со заеднички развој на нашите држави, ќе се стабилизира целиот регион и ќе просперираат соништата на луѓето, вели тој за МИА.