Регион 04. јуни 2018. / 11:58

Пратеник приведен на аеродромот во Франкфурт – крадел од фришоп

Пратеник приведен на аеродромот во Франкфурт – крадел од фришоп

Мехо Омеровиќ, пратеник од Социјалдемократската партија на Србија, е приведен на аеродромот во Франкфурт, поради наводна кражба на козметика од фришоп, предна околу 170 евра, а поради тоа се повикани и претставници на српскиот конзулат во Германија, пренесува српски Блиц.

Инцидентот се случил на 30 мај на аеродромот во Франкфурт, а случајот го пријавил детектив вработен во продавницата. Омеровиќ од фришопот сакал да изнесе парфем, кармин и крема од околу 170 евра, а кога полицијата го застанала тој се повикал на дипломатскиот статус.

Омеровиќ потврди дека имало непријатност, но рекол дека станува збор за недоразбирање и дека поради здравствените проблеми не можел одма да ја плати купената роба.