Пратеник од грчката левичарска опција Сириза, е нападнат и одведен во болница, пишуваат грчките медиуми.
Околу 30 луѓе го нападнале денеска Петрос Константинеас, додека со синот го напуштале стадионот во југозападниот град Каламати, каде гледале фудбалски натпревар.
Министерот за европски работи Јоргос Катругалос рекол дека напаѓачите биле припадници на ултрадесницата.
Државната новинска агенција АМНА јави дека Константинеас ги препознал напаѓачите.
Полицијата соопштила дека привела петмина осомничени. Сите водечки парти иго осудија нападот.