Регион 13. август 2018. / 13:06

Пожарот на грчкиот остров Евија е ставен под контрола

Пожарот на грчкиот остров Евија е ставен под контрола
Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше прогласена вонредна состојба, а локалните власти наредија превентивно масовна евакуација.
Пожарите беа ставени под контрола по интервенцијата од страна на повеќе од 50 професионални пожарникари и шеесетина волонтери, кои во текот на ноќта интервенираа со 20 камиони, противпожарни авиони и хеликоптери.

Жителите на селата Кондодеспоти и Ставрос превентивно се евакуирани.