Регион 03. јули 2018. / 14:44

Пожар во хотел во центарот на Љубљана, го гаснат дури 75 пожарникари (ВИДЕО)

Пожар во хотел во центарот на Љубљана, го гаснат дури 75 пожарникари (ВИДЕО)

Во хотелот „Унион“ во центарот на Љубљана денеска избил пожар поради што евакуирани се стотина луѓе, соопшти словенечката полиција.

Пожарот се уште не е локализиран, а полицијата истакнува дека нема повредени.

Пожарникарот Јуре Долинар изјави дека пожарот избил во поткровната структура на овој хотел со четири ѕвезди.

Пожаротот го гасат 75 пожарникари со 14 противпожарни возила.

Агенцијата СТА јавува дека се проценува оти ќе им бидат потребни уште неколку часа за да го изгаснат пожарот.

Долинар наведува дека на пожарникарите им е тешко зашто хотелот е висок 22 метри.

Причината за пожарот засега не е позната.