Регион 30. ноември 2018. / 10:38

Пожар во центарот за мигранти во Атина

Пожар во центарот за мигранти во Атина

Со навремена интервенција на грчката противпожарна служба биле спасени осум лица, меѓу кои едно дете, од пожарот што избил кусо по полноќ во прифатниот центар за бегалци и мигранти во Лаврио, во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Мигрантите превентивно биле пренесени в болница и сите се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Причината за пожарот што избил во една од собите, се уште е непозната, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со две возила, јави дописничката на МИА од Атина.