Регион 10. јули 2019. / 18:18

Пожар се шири поради силен ветер низ централна Грција

Пожар се шири поради силен ветер низ централна Грција

Во централниот дел на Грција, во близина на Ламија, избувна пожар, а недостапниот терен и силниот ветeр ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Ангажирани се два канадера, кои го гаснат пожарот од воздух.

Одделот за противпожарна заштита соопшти дека пожарот е од поширок размер и дека биле побарани дополнителни сили за противпожарна заштита.

Пожарот избувнал во близина на селото Диври, 12 километри северно од Ламија, објави агенцијата АНА.