Регион 04. јули 2018. / 21:51

Пожар на Крит , огнот се шири кон куќите (ВИДЕО)

Пожар на Крит , огнот се шири кон куќите (ВИДЕО)

Пожарникарите на Крит се борат против огнената стихија , која се приближува кон куќите на грчкиот остров.

На теренот има 14 возила со 30 пожарникара , како и хеликоптер . Месното население и туристите се плашат огнот да не се прошири кон куќите.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и жителите на местото Спина , како и волонтери , пратени од локалната управа на островот.

И покрај тоа што , подоцна се вклучи и втор хеликоптер , гаснењето од воздух беше попречено од силните ветрови, јавува Катимерини.