Евакуирани се жителите на островот Евиа , откако изби силен шумски пожар.
Пожарот , разгоруван од силниот ветар за кусо ввреме зафати голем дел од островот. Евакуирани се две села , Контодеспоти и Ставрос во централниот дел на островот. Oстровот Евиа се наоѓа на 70 километри северно од Атина. На драматичните снимки се гледа како огнот ги голта дрвјата , разгорен од силниот ветар.
За потсетување , во населбата Мати во близина на Атина во пожарите загинаа 94 лица. Над 30 лица се уште се во болници од здобиените повреди од пожарот што избувна на 23 јули.