Полициските службеници на БиХ во Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) на подрачјето на Неум заплениле 665 килограми канабис.
Припадниците на СИПА во вторникот вечерта претресле моторно возило, со кое управувал државјанин на Хрватска и БиХ, во кое пронашле 665 килограм опојна дрога (Cannabis sativa), пренесува „Фена“.
Опојната дрога била наменета за илегалниот пазар во земјите од западна Европа.
Возачот е приведен поради неовластен промет на опојни дроги.