Регион 29. ноември 2020. / 15:42

Повеќе мртви од кога било во Србија од корона: За еден ден хоспитализирани 747 лица

Повеќе мртви од кога било во Србија од корона: За еден ден хоспитализирани 747 лица

Во последните 24 часа, уште 6.179 лица се заразени со коронавирус во Србија, а 65 лица починаа како последица предизвикана од вирусот, што во моментов е најголем број на смртни случаи за еден ден.

Тестирани се 15.508 лица, а на респираторите во болниците низ Србија има 252 пациенти. Во текот на денот се хоспитализирани 747 лица.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Берислав Векиќ денеска изјави дека ситуацијата во ковид-болниците во земјата е исклучително тешка, како и дека е најтешка во Белград, каде што се вршат над 6.000 прегледи дневно. Тој додаде и дека најголем број на нови пациенти имат од 30 до 40 години.

Како причина за посериозни состојби кај помладите луѓе, па дури и поголема смртност, тој го гледа фактот дека повеќето пациенти започнуваат домашно лекување откако отишле на клиника, за подоцна да бидат примени доцна во болниците.

Во Србија, како резултат на инфекција со коронавирус, вчера починаа 61 лице, а беа заразени уште 7.041 лице.