Страсните пушачи ќе се согласат дека нема ништо поубаво и посмирено кога оптегнати на плажа, во дебела сенка, ќе отворите конзерва и – ќе запалите цигара.
Но, од омилените туристички дестинации на повеќето Македонци пристигнуваат лоши вести за пушачите. Грчкото здружение за хематолози (ЕАЕ) ја повикува државата да го забрани пушењето во парковите, плажите и на спортските терени.
ЕАЕ спроведува кампања за подигање на свеста за забрана на пушење на детски игралишта и плажи веќе две години.
„Не пуши, тука си играме“, е слоганот на една од кампањите.
Турција долго време применува такви забрани, но на пофлексибилен начин, па, така, во луксузните хотели плажите се поделени на неколку делови – за пушачи, за непушачи, за семејства со деца и за оние без деца.