Од последниот извештај до 18 часот, денеска во Србија тестирани се примероци на 61 лице од кои 34 се позитивни и 27 негативни на новиот корона вирус.
Од 34-те потврдени случаи од последниот извештај, 21 лице се хоспитализирани, но без компликации, со стабилна општа состојба, додека 13 од нив имаат лесна клиничка слика и се наоѓаат во домашни услови.