Познат угостител од Истра е првата жртва на корона вирусот во Хрватска. Станува збор за Антон Кернјус, сопственик на познат ресторан.
Вчера хрватските власти соопштија дека починал постар маж којшто бил во самоизолацијс, но дека се чекаат резултатите за да се види дали имал корона вирус. Резултатите покажале дека е позитивен на вирусот.
Во текот на денот дошло до појава на симптоми. Веднаш му е сугерирана хоспитализација, но тој одбил. Во текот на вечерва дојде до влошување на ситуацијата и личноста почина – соопштија вчера на прес-конференција од центарот за јавно здравје на Хрватска, а утринава е потврдено дека починатиот имал корона вирус.