Регион 06. март 2020. / 10:38

Потврден првиот случај на корона вирус во Србија

Потврден првиот случај на корона вирус во Србија

Маж од Суботица е првиот пациент во Србија кај кого е докажано присуство на новиот корона вирус, потврди министерот за здравје на Србија Златибор Лончар.

Пациентот има 43 години, а пред да пристигне во Србија престојувал во Будимпешта, објасни Лончар.

„Се случи она што го очекувавме, го имаме првиот случај на корона вирус во Србија. Најважно е дека пациентот се чувствува добро. Се работи за маж го често престојувал во Буимпешта. Таму живее неговата сестра, која имала симптми слични на корона вирус и вируна пневмонија. Потоа и тој почувствувал тегоби и бил крајно одговорен, при што се самоизолирал, ги пратил децата на село, останал дома со сопругата која му носела храна“, објасни Лончар на вонредната прес-конференција.

Веднаш се посомневавме на корона вирус, а резултатите од тестовите стигнаа утринава. Заразеиот е веќе во изолација, додаде Лончар и истакна дека надлежните служби вршат анализи врз сите лица коишто биле во контакт со пациентот и со неговото семејство.

„Уште еднаш повторувам нема место за паника, реков дека беше прашање на време кога ќе се случи ова. Не е  реално да постои земја каде што нема корона вирус. Прашање е само дали е регистран или не, тоа е глобален проблем и така се третира“, рече Лончар.