Регион 29. декември 2020. / 19:30

Потпишан договор за помош од ЕУ за Србија во процесот на вакцинација

Потпишан договор за помош од ЕУ за Србија во процесот на вакцинација

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија Сем Фабрици изјави дека  започнува третиот пакет за поддршка, кој ќе и помогне на Србија да продолжи да се бори против пандемијата, особено во оваа нова фаза на вакцинација.

Со обезбедување на вкупно 46 дополнителни санитетски возила и специјални транспортни возила, како и 67 различни видови замрзнувачи и ладилници, ЕУ обезбедува капацитети за дистрибуција на вакцините низ Србија, како и нивно складирање во соодветни ладилници.

Во исто време, ангажманот на 200 медицински работници ќе биде продолжен за уште три месеци со цел да се зголемат човечките капацитети за време на процесот на имунизација што сега започнува.