Регион

Поскапена патарината за странски возила во Србија

Поскапена патарината за странски возила во Србија

Во Србија од утре ќе се применуваат повисоки цени на патарините на автопатиштата за возила со странски таблици, најавија од ЈП „Путеви Србије“. Со новата цена, на пример патарината за автомобил од Ниш до Белград, која досега беше 6,5 евра, се зголемува на седум евра.

Поскапа патарина ќе се плаќа не поради зголемување на цените, туку поради ускладување со девизниот курс, односно досега се вршело ускладување кога курсот ќе се промени за повеќе од 3 отсто, додека сега цените ќе се корегираат на секое отстапување од 1 отсто.

Новата одлука исто така го дефинира заокружувањето на цените во евра, така што вредноста од: 0,01-0,49 е заокружена на 0,50 евра и од 0,51 до 0,99 на 1,00 евра.