Регион 08. април 2019. / 13:19

Поројни дождови ја поплавија омилената дестинација на Македонците во Грција

Поројни дождови ја поплавија омилената дестинација на Македонците во Грција

Источниот дел на Крит викендов го зафатија обилни дождови во кои се поплавија градовите Иерапетра и Ситиа, по што е прогласена вонредна состојба.

Службите за помош при катастрофи денеска испумпуваат вода од зградите, хотелите и куќите на источниот медитерански остров, кој во голема мера зависи од туризам.

Во Грција, особено на Крит, изминатите денови имаше невреме со невообичаено голем број бури и поројни дождови, јави ДПА.