Регион 21. јули 2020. / 18:09

Породиле трудница на респиратор заразена со Ковид-19, бебето починало во Клиничкиот центар во Ниш

Породиле трудница на респиратор заразена со Ковид-19, бебето починало во Клиничкиот центар во Ниш

27-годишна жена од Србија, во тешка состојба, во седмиот месец од бременоста родила момче, но тоа ја изгубило битката за живот, пренесува Курир.рс

Трудницата од селото Орљане, која во тешка состојба била приклучена на респиратор на одделението за интензивна нега на Клиниката за гинекологија во Клиничкиот центар во Ниш поради коронавирус, се породила вчера, а новородениот син починал веднаш по раѓањето.

Таа во нишката болница пристигнала во седмиот месец од бременоста, со симптоми на коронавирус.