Регион 06. јануари 2020. / 18:45

Поранешното раководство на “Хипо Алпе Адрија Груп” осудено од шест до осум години затвор

Поранешното раководство на “Хипо Алпе Адрија Груп” осудено од шест до осум години затвор

Поранешното финансиско раковоствто на „Хипо Алпе Адрија Груп” е прогласено за виновно за делото перење на пари и злоупотреба на службената положба и Сенатот на Љубљанскиот суд им одреди од шест до осум години затвор, јави диписникот на МИА од Љубљана.

Дополнително судот им наложи на осудените Антон Роми, Божидар Шпан, Андреј Поточник и Андреј Облак, поради своите дела да платат и казни од 35.000 евра. Осудените лица кои не присуствуваа на изрекувањето на пресудата, ќе мораат на државата да и ги вратат милионите нелегално стекнати евра.

Поранешниот извршен директор на банката Роми, е осуден на шест години затвор и казна од 35.000 евра.

Судскиот процес против поранешното раководство на “Хипо Алпе Адрија Груп” започна во ноември 2015 година, кога тогашната директорка Хилда Товшак, ја призна вината за помагање и поттикнување на перење пари, при што доби условна затворка казна од една ипол година