Регион 10. јуни 2018. / 21:44

Поради високите цени за гориво возачите во Црна Гора и БиХ масовно протестираа

Поради високите цени за гориво возачите во Црна Гора и БиХ масовно протестираа

Во одделни градови на Црна Црна Гора и Босна и Херцеговина, возачите денеска во знак на протест поради високата цена на горивата во 17 часот ги запреа своите возила на најпрометните крстосници. Возачите во Сараево, Бањалука, Тузла, Зеница, Високог и Приједора, на кратко го блокираа сообраќајот во 17 часот, објави порталот „Кликс“, додавајќи дека сообраќајот бил блокиран и на магистралниот пат М17, на излезот од Сараево и на Мостарската крстосница.

Тие порачале дека едночасовната блокада на сообраќајот е прв начин на изразување незадоволство поради зголемените цени на горивата.

Блокиран сообраќајот беше и во црногорските градови Никшиќ, Рожаја и Рибаревина.

Возачите се организирале преку социјалните мрежи.