Регион 24. декември 2019. / 20:12

Поради снежна бура е затворен познат грчки скијачки центар

Поради снежна бура е затворен познат грчки скијачки центар

Скијачкиот центар Ворас-Каимактсалан во регионот Пела, во северозападниот дел на Грција, е затворен поради снежна бура, изјави шефот на центарот Панос Панагиотопоулос.

Тој истакна дека одлуката за затворање на центарот е донесена од безбедносни причини поради силниот ветер и големите снежни врнежи од вчера вечер до денеска попладне.

Панагиотопоулос нагласи дека утре ќе бидат разгледани информациите и доколку временските услови бидат подобри, центарот повторно ќе биде отворен за посетителите.