Бугарските граѓани почнале масовно да ја продаваат домашната валута и да ја купуваат евра поради гласините дека левот ќе престане да има фиксен девизен курс во однос на еврото.
Според податоците на Бугарската народна банка, граѓаните од банкраските сметки повлекле речиси 1,2 милијарда лева, што претставува околу 613 милиони евра. Истовремено, штедењето во евра е зголемено за 350 милиони.
Гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев повеќепати повтори дека државата не планира да го укине фиксниот девизен курс и дека за тоа не се преговарало со финансиските регулатори од ЕУ.