Регион 04. март 2019. / 22:04

Поради царините од Косово над 100 милиони евра изгуби Србија

Поради царините од Косово над 100 милиони евра изгуби Србија

Србија изгуби 100.630.000 евра за 100 дена откога Косово воведе такси од 100 отсто за увозот на стока од нашата земја, изјави потпретседателот на српската влада и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љаиќ.

Тоа практично значи дека се губат милион евра дневно поради дискриминаторската такса што Приштина ја воведе за стоката од Србија, а реалната загуба е уште поголема затоа што пред воведувањето на овие бариери имаше тренд на постојан раст на пласманот на стоката од централна Србија на Косово и Метохија. За долгорочните загуби и да не зборуваме, рекол тој.

Љаиќ рекол дека во периодот кога извозот на стока од Србија на Косово е практично оневозможен, зголемен е извозот на други земји на косовскиот пазар, па така Грција и Унгарија во јануари годинава извезле речиси двојно повеќе стока отколку истиот период лани.

Словенија го зголемила извозот на тој пазар за два и пол пати, а Македонија и Хрватска за една третина.