Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека во име на владата на Србија, во согласност со договорот со ЦЕФТА, испратила формално барање до Секретаријатот на ЦЕФТА за директна консултација во рамките на заедничкиот комитет на ЦЕФТА, пренесуваат српските медиуми.
Тие од утре, односно од приемот на ова барање, имаат рок од 90 календарски дена да го решат проблемот што го направи Приштина со кршење на договорот со ЦЕФТА во директни консултации на заедничкиот комитет, рече Брнабиќ.
Доколку не се иницираат овие консултации, според Брнабиќ, Србија повторно во согласност со договорот со ЦЕФТА ќе почне постапка пред Арбитражниот суд.
Барање е испратено, освен до Секретаријатот на ЦЕФТА и до УМНИК како потписник за територијата на Косово и Метохија и до генералниот секретар на ОН.
Брнабиќ истакна дека Србија нема да наседне на провокациите и нема да воведе контрамерки, а ќе продолжи да соработува со партнерите во регионот, пред сè, со БиХ.