Американскиот државен секретар Мајк Помпео во разговор со косовскиот претседател Хашим Тачи во Вашингтон ги повика косовските власти да ги укинат давачките за увезена стока од Србија и Босна и Херцеговина и „да соработуваат со Србија за да се избегнат провокациите и да се намалат тензиите“.
Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека Помпео рекол оти нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е единствен пат за натамошна интеграција на двете земји во западната заедница на држави.
Тој додал дека САД се подготвени да ги поддржат двете страни да постигнат трајно решение.