Регион 07. август 2018. / 15:39

Полицијата во Хрватска ги тероризира бегалците

Полицијата во Хрватска ги тероризира бегалците

Се поголем е бројот на сведоштва за тепањето на полицијата, грабежите и протерувањето на бегалците од Хрватска, пишува ,,Дојче Веле”.

Хрватското Министерство за внатрешни работи, како што се наведува, официјално го негира тоа, а новинарите се жалат дека не им е дозволено правилно да известуваат за настаните на границата.Односот меѓу хрватската полиција и медиумите во врска со прашањето за третманот на бегалците при незаконското преминување на државната граница продолжува да се интензивира. Иако сведочењата на бројни бегалци ја потврдија ескалацијата на полициското насилство од 2016 година, тоа се уште официјално не е потврдено од МВР.

Најновиот случај беше реакцијата на претставниците на синдикатите во хрватската полиција, наведувајќи дека медиумите создаваат погрешна слика, вели „Дојче веле”.

Реакцијата одекна кога од Здружението на хрватските новинари (ХНД) кажаа дека „медиумите не треба да пишуваат убаво”, како што им сугерираат полициските синдикалисти, туку во согласност со правилата на професијата.

Во последните две години редица бегалци и хуманитарни организации се сведоци за суровиот третман, тепањата, па дури и грабежите на бегалците во близина на границата со Србија, Босна и Црна Гора.

Новинарите продолжуваат да се жалат, бидејќи полицијата им ги ускратува информациите, но не само ним. За тоа најдобро сведочи исклучувањето на народниот правобранител од процесот на дознавањето на вистината во врска со третманот на бегалците.

Новинарот Борис Павелиќ од „Нови лист” го повика МВР да им дозволи на новинарите да присуствуваат на границата и да патролираат со полицијата.

Претседателот на Хрватското новинарско друштво Хрвоје Зовко смета дека решението за односот меѓу државата и бегалците е во рацете на државните институции.