Регион

Покрај Закинтос, гори и на Андрос

Покрај Закинтос, гори и на Андрос

На грчките острови Андрос и Закинтос, пожарите делумно се под контрола, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари.

На Закинтос, вчерашните пожари во селата Килиоменос и Махерадо се делумно ставени под контрола. Во гаснењето на огнената стихија се вклучени 10 пожарникари со пет возила, еден канадер, два авиона и еден хеликоптер.

На островот Андрос, како што информираат од грчката противпожарна служба, пожарот во областа Амолохос е ставен делумно под контрола. Таму, во гаснењето учествуваат осум пожарникари со четири возила и два авиона.

Oд Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, kако што јави дописничката на МИА од Атина, за денес предупредија зголемена опасност од пожари во голем дел од земјата. Во портокалова фаза (многу висока опасност, категорија 4) се Халкидики, областа Атика, речиси целиот остров Пелопонез, полуостровот Евија, островите во северниот дел на Егејското море (Лезбос, Хиос, Самос, Икариа), Килкадските острови, како и островите во Јонското море (Лефкада, Кефалониа, Закинтос).

Во изминатите 24 часа грчката противпожарна служба интервенирала за гаснење на 32 шумски пожари.

Во големиот пожар кој се случи во Атика, бројот на жртвите се искачи на 93. Загинати имаше од сите возрасти.

Таму во средата избувна нов пожар, а во гаснењето беше вклучен и хеликоптер.