Членовите на комисијата на косовската влада за обележување на границата со собирање документација ги почнаа подготовките за обележување на линијата со централна Србија, рече претседателот на комисијата, Шпејтим Булиќи, и додаде дека „не гледа пречка за демаркација на границата”, пренесува РТС повикувајќи се на приштинските медиуми.
Подготовките на комисијата, со собирање на фактографската документација и развивање стратегија, почнаа по барање на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
Во оваа ситуација постојат одредени промени во граничните линии кои се случиле во одредени периоди. Но, сите овие промени што настанале на граничната линија се покриени со документација и политички одлуки од одредени периоди”, рече Булиќи.
Како што е наведено, може да се очекува дека на следниот состанок на косовскиот премиер, Хашим Тачи, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Брисел ќе се разговара за прашањето на гранична корекција.