Регион 22. ноември 2020. / 20:32

Починаа 103 лица, регистрирани 1.498 новозаразени во Грција

Починаа 103 лица, регистрирани 1.498 новозаразени во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција починаа 103 лица од Ковид-19, а намален е бројот на нови случаи во споредба со изминатите денови, односно регистрирани се 1.498 новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи 305 се во Солун, 218 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во грчките болници, приклучени на апарати се 540 пациенти, односно 18 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 91.619 лица заразени со коронавирусот, а починаа 1.630 лица.