Регион 05. ноември 2018. / 16:56

Почина бебето кое падна во канта со вар!

Почина бебето кое падна во канта со вар!

После 15 дена борба за живот, 16 месечната Даниела Р. која паднала во канта со вар, починала во Инситутот за мајка и дете „Др. Вукан Чукиќ“.

Безживотното тело на бебето е упатено на обдукција, а семејството  на настраданото дете не било во состојба да коментира било што.

Инаку во станот на Нов Белград, додека мајка и простирала алишта, а братот и сестрата на Даниела гледале телевизија, малата Даниела упаднала во канта со вар и за малку се угушила. После 15 дена борба за нејзиниот живот, девојчето почина.