Властите во Грција соопштија дека пожарот на феибродот кој го поврзува континенталното копно со островот Крит е изгаснат по повеќе од три дена горење во внатрешноста на патничкиот брод што можеше да биде кобно за голем број луѓе.
Пожарот на „Елефтериос Венизелос“ започна рано во средата, 70 километри од пристаништето Пиреја, неговата дестинација. И покрај големиот чад, бродот стигнал до пристаништето, при што ниту еден од неговите 875 патници или 141 членови на екипажот не биле повредени поради пожарот.
Портпаролот на крајбрежна стража изјави за АП дека возилата биле евакуирани од ферибродот во саботата и сé уште не е познато колку се оштетени.
Властите велат дека пожарот започнал во зоната за паркирање на бродот, кој превезувал 80 автобуси и камиони и 152 автомобили и мотоцикли.