Регион 07. септември 2018. / 12:17

По Тачи, Могерини на средба со Вучиќ

По Тачи, Могерини на средба со Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку минути ја започна средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, во рамките на дијалогот Србија – Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пред тоа Могерини оствари средба со косовскиот претседател, Хашим Тачи.

По билатералните средби треба да се одржи и трилатерален состанок меѓу Вучиќ, Тачи и Могерини, но поради зголемените тензии меѓу Белград и Приштина, неизвесно е дали ќе се одржи оваа средба.