Шест нови грчки министри во владата на Алексис Ципрас во понеделникот положија свечена заклетва во палатата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Ципрас, минатата недела најави дека планира мини-реконструкција на својот кабинет, пренесе АНА-МПА.
Јоргос Катругалос го презема министерството за надворешни работи, оддел кој беше во рацете на грчкиот премиер по оставката на Никос Коѕијас.
Нови министри кои положија заклетва пред претседателот Павлопулос и премиерот Ципрас се Танос Моратис (Инфраструктура и транспорт), Ангелос Толкас (Политика на миграција), Елефтерија Касигоргиху (Внатрешни работи) и Константин Баркас (Труд, социјално осигурување и социјална солидарност) и Атанасиј Анагностопулоу е назначен за заменик министер за надворешни работи.
На церемонијата на заклетвата на новите членови во реконструираниот кабинет на Алексис Ципрас присуствуваа и семејствата на новите функционери и блиските соработници.