Владата на Србија донесе одлука за ограничување на цените на основните животни намирници, заштитната опрема и средствата за дезинфекција.
Владата донесе и заклучок со која забраните за јавни собири во затворени простории со 100 луѓе се намалува на 50 луѓе.
Владата им упати и препорака на граѓаните постари од 65 години да го ограничат своето движење и што помалку да излегуваат од дома имајќи предвид дека тие се најзагрозени од коронавирусот.
Владата на Хрватска вчера донесе одлука за мерки за итна контрола на цените за одредени производи, вклучително и основни прехранбени производи, средства за хигиена, заштитна облека, медицински материјали и слично.